Фиорентина ја победи Аталанта во последниот меч од Серија А! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Во меч со пет голови, Фиорентина ја совлада Аталанта во Бергамо со 3-2, тоа беше последниот дуел во Серија А за оваа сезона.

Сите пет голови беа постигнати во првото полувреме од натпреварот.

Фиорентина поведе со гол на Белоти уште во шестата минута, а по исто толку минути Лукман го изедначи резултатот на 1-1.

Во 19. минута Гонзалез го врати водството на Фиорентина, а Скалфини во 32. минута изедначи на 2-2.

Течеше судисокото продолжение од првото полувреме кога Белоти постигна нов гол за победа на Фиорентина од 3-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани