Фанови на Лацио со навреди за Тудор: Тој е го*но од човек! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Игор Тудор го водеше Лацио на последните 11 натпревари од сезоната и имаше солидни резултати. Шест победи, три нерешени и два порази.

Поразите беа од градскиот ривал Рома и во полуфиналето од Купот на Италија против Јувентус.

Тудор го однесе Лацио во Европа иако кога го презема од Сари, римскиот клуб изгледаше очајно лошо.

Сепак, ултрас фановите на Лацио кои се познати по ултрадесничарски ставови, поточно величење на фашизмот, се против хрватскиот стратег Игор Тудор.

Пред влезот на северната трибина на Олимпико, дел од фановите на Лацио држеа парола на која пишува: „Како тренер допрва ќе се оценува, а како човек, Тудор е го*но“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани