Фабрицио Романо открива кога Реал Мадрид ќе го претстави Мбапе

by Стефан
1 минути читање

Сагата околу трансферот на Килијан Мбапе полека се наближува кон крајот, францускиот голгетер веќе потврди дека заминува од ПСЖ и сега се чека Реал да потврди дека пристигнува во Мадрид.

Околу ситуацијата со Килијан Мбапе нови информации објави познатиот италијански новинар Фабрицио Романо.

Имено, тој тврди дека Реал ќе го потврди трансферот на Мбапе пред почетокот на Европското првенство, иако во тој момент Мбапе се уште ќе биде под договор со гигантот од Париз.

„Планот на Реал Мадрид е да го комплетира трансферот на Мбапе и да го објави пред Европското првенство. Неговиот договор со ПСЖ е до 30-ти јуни, Европското првенство почнува две недели претходно. Но, иако пред ЕП ќе биде се уште играч на ПСЖ, Реал може да објави дека Мбапе е нивни играч. ПСЖ не може ништо да направи или да ограничува“, објасни Романо во видеото во кое зборува и за други актуелни теми во овој момент.

„Војната“ помеѓу Реал, поточно помеѓу Келаифи и Перез траеше повеќе од две години и изгледа се завршува така што самиот играч се договори со „кралевите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани