Уште еден клуб од Италија влегол во трката за потписот на Лукаку, Челси ја одреди цената

by Стефан
1 минути читање

Во медиумите неодамна се појави информација дека Ромелу Лукаку е желба на Антонио Конте во Наполи, но изгледа дека „росонерите“ не се единствениот тим од Италија кој сака да го ангажира Белгиецот.

Лукаку се уште е под договор со Челси и тоа до летото 2026 година, а изминатата сезона во Рома ја помина како позајмен фудбалер.

Денеска медиумите во Италија пренесуваат дека екипата на Милан покажала интерес за ангажман на Лукаку како замена за Оливие Жиру.

Иако, Лукаку постигна 21 гол на 47 натпревари за Рома, сепак „волчицата“ нема намера да ја продолжи позајмицата, додека во Лондон е сметан за „вишок“, па така во новата сезона би можеле да го видиме Лукаку во друг дрес.

Сепак, иако Челси не смета на него, не сака и да го продаде за сума под 38 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани