322
Напаѓачот на Жирона, Артем Довбик ќе ја заврши сезоната во Ла Лига како најдобар стрелец.
Украинскиот голгетер на своето конто има 24 погодоци, а по крајот на мечот меѓу Осасуна и Виљареал, единствената вистинска закан веќе ја нема. Александер Сорлот беше во трка со Довбик за „златната копачка“ во Шпанија, меѓутоа се повреди против Осасуна и остана без шанса да го престигне, па запре на 23 гола (му даде четири на Реал во минатото коло).
- Листата на пет најдобри стрелци во Ла Лига:
- Артем Довбик (Жирона) – 24 гола
- Александер Сорлот (Виљареал) – 23 гола
- Џуд Белингам (Реал Мадрид) – 19 гола
- Роберд Левандовски (Барселона) – 18 гола
- Анте Будимир (Осасуна) – 17 гола
Иако својот натпревар од последното коло треба да го одиграат фудбалерите на Барселона, треба да се случи чудо за да има промени на врвот на листата стрелци.