252
Фудбалерите на Ројал Унион по третпат во својата историја го искористија Купот на Белгија. Интересно во оваа приказна е што вториот трофеј во ова натпреварување тимот од Брисел го освои пред точно 110 години!
Не е шега, Ројал Унион своевремено на почетокот на дваесеттиот век бил голема белгиска сила. Во периодот од 1904 до 1935 година тимот освоил 11 трофеи за шампион на Белгија и два во Купот, последниот во сезоната 1913/14.
Оваа година Ројал Унион во мечот за трофејот го победи Антверпен со минимални 1-0. Со голот на Коки Мачида екипата од Брисел успеа да го реши финалето во своја корист и по огромна пауза освои елитен белгиски трофеј.