Турците тврдат: Договорен е трансферот на Един Џеко

by Стефан
1 минути читање

Познатиот турски „Фотомак“ денес објави дека е постигнат конечен договор за трансфер на босанскиот напаѓач Един Џеко од Фенербахче во редовите на саудискиот Ал Хилал.

„Фотомак“ тврди дека Џеко на крајот од сезоната ќе се раздели со истанбулскиот гигант за кој настапува од летото 2023 година кога пристигна од Интер.

Со Ал Хилал, ако им се верува на Турците, Џеко ќе потпише договор на една година, плус уште една.

Претходно беше најавувано дека Ал Хилал на Џеко му понудил договор според кој ќе заработува 11 милиони евра годишно. Саудијците би морале да платат и одредена оштета на Фенер бидејќи актуелниот договор му важи уште една година.

Ал Хилал е актуелен шампион на Саудиска Арабија, а вкупо титулата во ова првенство ја освојуваа 19 пати. Ќе потсетиме, за овој тим играат уште Нејмар, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Малком, Калидо, Кулибали и Александар Митровиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани