Трите натпревари кои му останаа на Леверкузен за перфектна сезона!

by riste
1 минути читање

Чаби Алонсо е на прагот на неверојатен успех со Баер Леверкузен, целта е одамна надмината, но сега може да се постави уникатен рекорд каков што не видел светот.

Леверкузен е на прагот да освои тројна круна без ниту еден пораз, за тоа да се случи треба да не загуби на преостанатите три натпревари од сезоната.

Првиот е во Бундеслигата, тоа е мечот од последното коло, на 18. мај Леверкузен е домаќин на Аугсбург.

Најтешката задача се чини дека ќе биде на 22. мај кога во финалето од Лига Европа, Леверкузен игра против Аталанта.

Последниот предизвик доаѓа три дена подоцна, на 25. мај во финалето од Купот на Германија, Леверкузен игра против Кајзерслаутерн.

Распоред:
Бундеслига: Леверкузен – Аугсбург
Лига Европа: Леверкузен – Аталанта
Куп на Германија: Леверкузен – Кајзерслаутерн

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани