Требаше да биде големо засилување за Ливерпул, но стана промашување на сезоната и во Бундеслигата

by Стефан
1 минути читање

Наби Кеита своевремено со големи очекувања пристигна во редовите на Ливерпул, но подоцна не ги исполни очекувањата. Минатото лето направи трансфер од Премиер лигата во Вердер и повторно не се прослави.

Се очекуваше Вердер да биде клубот каде што ќе ја „оживее“ кариерата и ќе биде големо засилување за овој тим. Сепак, тоа не се случи.

Сезоната ја започна со четири пропуштени натпревари поради повреда, во следните три одигра само 81. минута, па дојде нова повреда поради која беше надвор од терените до пред крајот на годината.

Следуваше настап за Гвинеја на Африканскиот Куп на Нации, а потоа пред мечот со Леверкузен од 29. коло влезе во конфликт со тренерот и од тој момент не доби ниту една минута и беше целосно отстранет од првиот тим.

Токму затоа и неславното признание „промашување на сезоната“ го заслужи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани