80
Во последниот ден од преодниот рок Енур Тотре од украинската Ворскла Полтава се пресели во турскиот второлигаш Сакаријаспор.
Минатата сезона Тотре настапуваше како позајмен фудбалер во Шкендија, а и откако стана јасно дека и во оваа не е во плановите на Ворскла побара нова средина.
27-годишниот Тотре во кариерата настапуваше и за албанска Тирана, успеа да запише и три настапи за сениорската репрезентација на Македонија.
Во последната сезона за Шкендија одигра 31 натпревари и постигна пет гола.