Тијаго Мота станува фаворит за нов тренер на Милан!

by riste
1 минути читање

Според италијанските медиуми, број еден кандидат на Милан за наследник на Стефано Пиоли сега е Тијаго Мота.

Поранешниот фудбалер на Интер, Мота би можел да стане тренер на Милан доколку росонерите го победат Јувентус во трката по стратегот на Болоња.

Мота оваа сезона со фантастичните резултати како тренер на Болоња го привлече вниманието на себе и стана мета на неколку гиганти.

За тренерската позиција во Милан се шпекулираше и со имињата на Пауло Фонсека и Доменико Тедеско, но засега тие се во втор план.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани