Тиквеш и Шкендија ги дознаа можните противници за 1. квалификациско коло во КЛ!

by riste
1 минути читање

Тиквеш и Шкендија ќе бидат дел од квалификациите за Конференциската лига, македонските преставници ги дознаа можните противници за првото коло.

Освојувачот на Купот на Македонија, тимот на Тиквеш поради клупскиот коефициент е сместен во шеширот на неносители и за противник може да добие екипи како Жалгирис, Будуќност, Динамо Тбилиси, Сараево…

Шкендија се наоѓа во групата на носители и ќе бидат фаворити во првото квалификациско коло.

Ждрепката треба да се одржи на 18 или 19 јуни, а првите натпревари се играат на 11. јули, реваншите се седум дена подоцна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани