81
Косово на домашен терен загуби со 3-0 од Романија во меч од Лигата на нации, па атмосферата во оваа репрезентација е ужасна.
Селекторот Франко Фода одлучил да избрка тројца играчи Аријанет Муриќ, Едон Женгрова и Флорент Муслија.
„Во одлука со селекторот Франко Фода тројцата фудбалери Муриќ, Женгрова и Муслија се отстранети од националниот тим поради прекршување дисциплински правила“, објавија од Фудбалската федерација на Косово.
Се уште не е откриено што направиле тројцата за да бидат избркани.