1,3K
Aко судиме според досегашниот дел од сезоната, Манчестер сити сезонава ќе мора да го препушти на друг тим од Премиер лигата.
„Граѓаните“ се во криза и на седум натпревари во низа не знаат за победа, посебно загрижувачки е што на шест од нив запишаа порази.
На табелата во овој момент тимот на Пеп заостанува дури 11 бода зад Ливерпул кој изгледа одлично. Според пресметката на суперкомпјутерот токму „црвените“ ќе бидат тимот кој во мај ќе се израдува на шампионската титула.
Пресметката актуелниот шампион, Манчестер сити го рангирала на третото место, додека на второто бил Арсенал. Место во топ четири имало и за Челзи, додека прогнозата за Манчестер јунајтед била дека ќе заврши на деветтата позиција.