Судот забрани да се продаде „Златната топка“ на Марадона околу која кружат разни контроверзии

by Стефан
1 минути читање

Aукцијата за украдената „Златна топка“ која во 1986 година ја освои легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона е запрена по одлука на Апелациониот суд во Версај.

Судот ја прифати жалбата на ќерката на Марадона која тврди дека Златната топка е во сопственост на семејството на славниот фудбалер и дека не може било кој да ја продаде.

Марадона таа „Златна топка“ ја доби како најдобар играч на Светското првенство во 1986 година во Мексико каде што Аргентина ја водеше до титулата светски шампион.

Неговите настапи на тоа првенство вечно ќе се паметат, посебно натпреварот против Англија во кој го постигна можеби најпознатиот гол во историјата на фудбалот „Божјата рака“, а тука беше и голот во кој издрибла повеќе англиски фудбалери.

Тоа беше четвртфинален натпревар во кој Англија победи со 2:1, додека во финалето ја победија Западна Германија со 3:2.

Славниот Аргентинец почина во 2020 година, а неговите наследници тврдат дека споменатата „Златна топка“ е украдена и сегашниот сопственик нема право да ја продаде. Адвокатот најави дека ќе побара судско одземање на трофејот и ќе поднесе пријава за кражба.

Околу трофејот круежеа разни гласини. Се наведуваше дека Марадона го изгубил на партија покер и дека го продал за да ги отплати долговите. Исто така се пишуваше дека го чувал во банка во Неапол која ја ограбиле криминалци во 1989 година додека играл за Наполи.Наследниците на Марадона веруваат во последното сценарио.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани