89
Фудбалската федерација на Македонија ги делегира официјалните лица за натпреварите од 17. коло на ПМФЛ.
Се играат шест натпревари во недела, сите во терминот од 13:00 часот. Дербито е на „Чаир“ каде што Шкупи ќе го дочека шампионот, а ќе им суди Пилешков. Александар Ставрев ќе патува во Битола за мечот на Пелистер и Беса, а Иванов е одбран за Вардар и Тиквеш.
- Судии за 17. рунда во ПМФЛ:
Шкупи – Струга (Димитар Пилешков)
Вардар – Тиквеш (Игор Иванов)
Пелистер – Беса (Александар Ставрев)
Воска – Шкендија (Јован Качевски)
Гостивар – Силекс (Марјан Младеновски)
Брера – Работнички (Крумислав Ѓорѓиев)