149
Фудбалерот на Ливерпул кој како позајмен фудбалер ги брани боите на Салцбург, Стефан Бајчетиќ стави крај на сите дилеми кога во прашање е неговата репрезентативна кариера.
Во Србија се надеваа и веруваа дека Бајчетиќ може да ја избере нивната репрезентација, но тоа не се случи. Како што порача самиот фудбалер, тој се чувствува како Шпанец и ќе игра за Шпанија.
„Роден сум во Шпанија, растев во Шпанија, семејството ми е во Шпанија и се чувствувам како Шпанец. Горд сум што ја претставувам Шпанија“, изјави Бајчетиќ за „Марка“.
Бајчетиќ е роден во Виго и шанса да одигра неколку натпревари во првиот тим му даде Јирген Клоп минатата сезона. Сепак, Арне Слот одлучи да го испрати на позајмица и да собира искуство.