Струга и Шкендија закажаа „исти“ тестови пред евро-предизвиците

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонските клубови кои ќе играат во евро-квалификациите многу рано ги започнаа подготовките за новата сезона.

Шкендија прва тргна во припремниот период и закажа пет пријателски натпревари. Тетовчани на 15 јуни ќе се судрат со Тиквеш (Тетово, 17:30). Потоа на 21 следи дуел со Тирана во Струга (17:00), четири дена подоцна во Охрид играат против Љапи (16:30). На 29 јуни Шкендија ќе игра со Дрита во Тетово (17:30), а последниот тест е во албански Поградец на 3 јули (17:00).

Од друга страна Струга ќе игра против Тиквеш на 20 јуни на домашен терен. Потоа патува во Поградец за дуелот со Партизани, па ќе ја дочека Тирана. Последниот тест против Љапи е закажан за 1 јули во Охрид.

Трите македонски клубови ривалите за квалификациите ќе ги добијат на 18 јуни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани