116
Црногорскиот напаѓач Стеван Јоветиќ има нов клуб во кој ќе ја продолжи кариерата.
Легендата на Црна Гора се сели на Кипар, каде што ќе настапува за екипата на Омониа. Ова ќе му биде прв клуб во островската држава, а се сели таму по настапите за Олимпијакос минатата сезона.
Во својата кариера Јоветиќ мина низ доста големи клубови како Интер, Манчестер Сити, Севиља… Исто така настапуваше за Монако, Херта, Фиорентина и Партизан.