276
Бекот на Рома, Леонардо Спинацола ќе го напушти клубот како слободен играч и најверојатно ќе се пресели во Наполи.
Актуелниот договор на Спинацола со Рома истекува за два дена, потоа тој е слободен играч.
Во текот на преговорите Рома не покажала особен интерес да го задржи 31-годишниот фудбалер, па тој решил да замине.
Според „Кориере дело Спорт“, Спинацола веќе има договорено нов тим. Тој е во напредни преговори со Наполи и веројатно таму ќе се пресели.
Се работи за едногодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона.