Славјето во Мадрид може да почне: Жирона ја победи Барселона, Реал е шампион на Шпанија! (ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Реал Мадрид од денеска и математички е нов шампион на Шпанија. „Кралевите“ денеска ја завршија својата работа со триумфот на Кадиз, а по поразот на Барселона од Жирона стана јасно дека можат да почнат со прослават.

Не изгледаше дека Реал ќе слави вечерва кога Кристенсен уште во третата минута донесе предност за каталонскиот гигант, сепак само минута подоцна Украинецот Довбик ги врати работите како на почетокот.

Барселона во завршницата од првиот дел со голот од пенал на Роберт Левандовски дојде до ново водство од 1:2.

Водството кое го имаа по првите 45 минути Барселона не успеа да го задржи во вториот дел. Пресвртот на домаќините започна со голот на Порту во 65. минута кој погоди за изедначување, но веќе во 67. Гутиерез стрелаше за 3:2.

Конечните 4:2 ги постави Порту со својот втор гол на натпреварот на 15-тина минути до крајот.

Головите од натпреварот можете да ги погледнете – ТУКА.

На табелата Реал Мадрид сега има 87 бода кои се недостижни и за Џирона која е второпласирана со 74 и за Барселона на третата позиција со 73.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани