Славниот Јапонец кој беше дел од Арсенал, Фулам, Галатасарај замина во пензија на 45 години

by 24 фудбал
1 минути читање

Јуничи Инамото замина во спортска пензија на 45-годишна возраст, откако во последните две години играше нисколигашки фудбал во родната Јапонија.

Поранешниот репрезентативец со повеќе од 80 настапи за „земјата на изгрејсонцето“ своевремено пристигна во Арсенал како голема надеж. Инамото дојде на позајмица од Гамба Осака, ама во Северен Лондон не се прослави и потоа се пресели во Фулам.

Во Европа играше уште за ВБА, Кардиф, Галатасарај, Ајнтрахт, Рен, па во 2010 година следеше враќање во Азија. До крајот на кариерата беше дел од Кавасаки Фронтале, Хокаидо, Сагамихара и последно Нанкатсу.

Сега на 45-годишна возраст заминува во пензија од фудбалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани