158
Барселона излезе со соопштение за состојбата на Дани Олмо кој се повреди на вчерашниот меч против Жирона.
Привичните прогнози беа дека Олмо ќе биде во аут од 7 до 10 дена, но повредата е посериозна, па тој може да паузира и повеќе од еден месец.
„Тестовите направени утрово покажаа дека Дани Олмо има повреда на десната тетива. Се очекува да биде надвор од теренот 4 до 5 недели“, стои во соопштението на Барселона.