Симпатичниот Комо го освои првиот бод во Серија А, но можеше и да победи (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Комо и Каљари ремизираа 1:1 во рамките од второто коло во Серија А.

Новајлијата во Серија А остави одличен впечаток во Сардинија, иако домаќинот беше тој кој прв стигна до водство во завршницата од првиот дел.

Се играше 44. минута кога Роберто Пиколи по лошата комуникација во одбраната на гостите го совлада голманот Пепе Реина.

Сепак, тоа не го обесхрабри Комо кој ја искористи првата посериозна прилика и изедначи во 54. минута од натпреварот. Стрелец беше Патрик Кутроне.

Чери во завршницата пропушти две добри прилики, а резултатот не се промени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани