Силна порака од Ибрахимовиќ: Јас сум доказ дека ништо не е невозможно! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Златан Ибрахимовиќ денеска присуствуваше на натпреварот во кој Шведска играше против Србија во Стокхолм и кој беше организиран во негова чест.

Ибрахимовиќ пред една година се повлече од фудбалот, а сега Швеѓаните во овој натпревар му оддадоа почит за се што направил во вресот со државниот грб.

Славниот Швеѓанец се појави пред навивачите и имаше порака до младите.

„До помладата генерација, сакам да ви кажам дека морате да верувате и да сонувате големи соништа. Ако немате сила да сонувате големи работи, учете од мене. Јас сум доказ дека ништо не е невозможно, без разлика од каде си“, порача Ибра.

Вкупно дресот на Шведска Ибрахимовиќ го носеше на 122 натпревари во кои постигна 62 гола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани