Се е спремно за потпис со Јувентус: Болоња ја потврди разделбата со Мота

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Болоња денеска соопшти дека Тијаго Мота заминува од клубот со завршувањето на сезоната.

Мота го известил раководството за својата намера да не го продолжи договорот, а клубот му се заблагодари за се што направи во изминатиот период.

„Во овие две години ми беше чест што имавме подготвен и победнички тренер“, изјави претседателот на Болоња, Џои Сапуто.

Ќе потсетиме, Мота на Болоња и обезбеди историско учество во Лигата на шампионите. Кога е неговиот нов клуб во прашање тоа треба да биде Јувентус и се би требало наскоро да биде потврдено.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани