Сериозен удар за Франција: Се повреди Килиан Мбапе!

by 24 фудбал
1 минути читање

Првата ѕвезда на репрезентацијата на Франција, Килиан Мбапе, се повреди непосредно пред стартот на Европското првенство.

Новиот член на Реал Мадрид заработи повреда на грбот и го пропушти последниот тренинг, а нема да биде дел од тимот за дуелот против Канада. Неговото место во стартниот состав ќе го заземе ветеранот Оливие Жиру.

Засега нема подетални информации околу степенот на повредата на Мбапе. Сепак, ова ги запали алармите во француската јавност и ги загрижи сите. Постои можност да не се работи за сериозна повреда и ѕвездата да се врати набргу во стројот, меѓутоа повеќе ќе се знае по деталните прегледи.

Инаку, Французите ќе играат во група со Австрија, Полска и Холандија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани