„Секој сака да заигра за Реал, дури и фудбалерите на Барселона!“

by 24 фудбал
1 минути читање

Гостувањето на Рафаел Ван дер Варт на еден подкаст во Холандија привлече огромно внимание и даде многу теми за разговор. Со своите мислења тој привлече огромно внимание, а сега издвоен е уште еден негов коментар.

Холанѓанецот смета дека секој фудбалер на светот сака барем еднаш во кариерата да заигра за Реал Мадрид како најголем светски клуб. Ван дер Варт нагласи дека тоа е така дури и кај играчите кои настапуваат за Барселона.

Реал е клуб за кој секој фудбалер сака да игра. Не знам зошто е така, ама многу фудбалери сакаат повеќе да заиграат за Реал, отколку за Барселона. Секој играч на светот, па дури и тие на Барселона посакуваат да заиграат за Реал Мадрид. Сигурен сум во тоа, 100%“, изјави Ван дер Варт.

Ван дер Варт настапуваше за Реал Мадрид од 2008 до 2010 година, одигра 73 натпревари, даде 12 гола и забележа 13 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани