Севиља го промовираше новиот тренер, стратегот потекнува од Барселона

by riste
1 минути читање

Севиља го назначи Франциско Хавиер Гарсија Пимента за нов тренер на првиот тим.

Гарсија Пимента стави потпис на двеогодишен договор со Севиља, потврди клубот од Андалузија.

Пимента потекнува од Барселона, каде беше дел од младинскиот погон како фудбалер, а играше и за третиот и вториот тим. Има настап и за најдобриот тим на Барса.

Тој и тренерската кариера ја почнува бо Барселона, беше тренер на младинците, асистент на вториот тим и прв тренер на вториот тим. Во изминатите две години беше тренер на Лас Палмас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани