Легендарниот шведски тренер Свен-Горан Ериксон беше погребан во својот роден град Торсби во родната земја.
На 26 август на 76-годишна возраст Ериксон почина осум месеци откако јавно откри дека има тешка и неизлечива болест. Тој имаше рак на панкреасот кој само се влошуваше и на крајот заврши кобно по него.
Во родниот Торсби се собраа преку 600 луѓе, а меѓу нив беше и таткото на Свен-Горан кој има 95 години. Присутни беа и членови на кралското семејство од Шведска, семејството, пријателите, поранешни фудбалери и тренери како Дејвид Бекам, Рој Хоџсон…
Исто така пред црквата се собраа и стотици навивачи и почитувачи на ликот и делото на Ериксон, кои дојдоа да го испратат последниот поздрав.