Сандро Тонали доби суспензија и од ФА

by Стефан
1 минути читање

Италијанскиот фудбалер Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сега од страна на ФА за обложување во Англија.

Сепак, оваа суспензија не е додадена на претходната од десет месеци, па така тој ќе се врати како и што беше планирано на 27. август 2024 година. Но, ќе мора да плати парична казна од 20.000 фунти.

„Доколку не направи дополнително прекршување на правилата за обложување од ФА за време на периодот од суспензија, Сандро нема да има дополнителна суспензија“, потврди Њукасл.

Тонали сега продолжува со едукативната програма за одвикнување од коцкање, а клубот и понатаму му искажува комплетна поддршка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани