57
Колумбиецот, Радамел Фалкао во последниот натпревар за својот Милионариос во Колумбија постигна гол со кој стана најдобриот колумбиски стрелец во историјата.
Фалкао се запиша во листата на стрци во победата од 5:1 против Бојс Чичо и на вечната листа го надмина Виктор Хуго Аристазбала кој најголем дел од кариерата помина играјќи во Бразил.
Зад себе Фалкао има далеку поуспешна кариера во која настапуваше за: Порто, Атлетико Мадрид, Монако, Манчестер Јунајтед, Ривер Плата, Галатасарај, Рајо Ваљекано и Челси.
Во клпската кариера Фалкао постигна 311, додека во дресот на Колумбија 36 и исто така е најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата.