Eкипата на Рома предводена од Иван Јуриќ полека почна да влегува во ритам и денеска славеше победа над Венеција со 2:1.
Рома одигра очајно во првото полувреме, па казната стигна во завршницата кога Похјанпало во 44. минута донесе преднсот за Венеција.
Во второто полувреме, „волчицата“ започна да игра нешто подобро, а со головите на Кристанте и Пизили дојде до пресврт и победа.
Рома со овој триумф дојде до девет бодови и деветтата позиција, Венција од друга страна е во зоната на испаѓање со четир ибода.
Комо во натпреварот кој се играше во истиот терми нсо 3:2 беше подобар од Верона. Головите за домаќините ги постигнаа Кутроне (два) и Белоти, додека за Верона стрелци беа Лазовиќ и Ламбурд.