Ремек-дело на Стојкоски од слободен удар: Тиквеш води против Воска (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Тиквеш прва дојде до водство во финалето од Купот на Македонија против Воска. Од почетокот на натпреварот гостите од Кавадарци напаѓаа и создаваа шанси, а до водство дојдоа благодарение на една мајсторија на Кристијан Стојкоски.

Стојкоски на мајсторски начин од слободен удар успеа да ја погоди мрежата на Воска и да го матира Захов кој немаше шанси да интервенира.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани