55
Летниот преоден рок во Премиер лигата од наредната сезона место до 30 август како што беше случај досега ќе трае до 15 август.
За ваква промена гласале сите 20 клубови кои се дел од Премиер лигата. Ова значи дека клубовите ќе знаат со каков ростер располагаат пред сезоната започне.
Во Премиер лигата се надеваат дека и другите големи лиги ширум Европа ќе го следат нивниот промер со цел да се избегне ситуација во која би останале без фудбалер по затворањето на преодниот рок на Островот со што не би можеле да доведат негова замена.