Реал Мадрид по 15. пат е на кровот на Европа! (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Реал Мадрид со блескав финиш на натпреварот ја совлада Борусија Дортмунд во финалето на Вембли и по 15. пат стана шампион на Европа, Карвахал и Винисиус беа стрелци на головите за кралскиот клуб.

Реал Мадрид знае како се победува во финалиња, играа по 18. пат и победија дури 15. пат. Борусија Дортмунд може да жали за пропуштените шанси кои беа многу.

Германците одлично го почнаа мечот, доминираа во првото полувреме во кое Реал Мадрид не направи ништо.

Три шанси имаше Адејеми, а во една од нив излезе еден на еден против Куртоа и не успеа да даде гол, Филкруг ја погоди стативата, а можност имаше и Сабицер. Немаше голови по првото полувреме.

Во вториот дел работите се променија, Реал Мадрид полека почна да станува поконкретен, а тоа вроди со плод.

Резултатот беше отворен во 74. минута кога Карвахал постигна гол со глава по нафрлување на Крос од корнер. Интересно, тој е еден од најниските играчи на теренот, но Реал Мадрид двапати се обиде кон него да нафрли, им успеа од втора. Очигледно ова беше воиграна акција.

По дадениот гол Реал Мадрид продолжи жестоко да напаѓа, Борусија Дортмунд се распадна. Таквиот однос на теренот донесе уште еден погодок за кралскиот клуб, Винисиус даде гол во 83. минута за конечна победа од 2-0.

Борусија Дортмунд во 87. минута се израдува на гол, но тој беше поништен поради офсајд од Филкруг.

На крајот Реал Мадрид се радуваше на 15. титула во Лигата на шампионите, Дортмунд може да жали што не стигна до својата втора европска круна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани