84
Поранешниот шпански репрезентативец Серхио Рамос ова лето остана без клуб, откако ја напушти Севиља.
Стоперот има 38 години, но сè уште не сака да оди во пензија. Рамос е во потрага по нов клуб, а тоа многу веројатно нема да биде ниту еден од европската елита.
Шпанецот доби понуда да ја продолжи кариерата во Бразил, каде што два клуба се интересираат за неговиот потпис. Еден од клубовите е Ботафого, меѓутоа Рамос ја отфрлил можноста за таков потпис.
Во својата кариера освен за Севиља, Серхио Рамос настапуваше уште за Реал Мадрид и ПСЖ, а за репрезентацијата играше 16 години.