Размена: Кварацхелија оди во Барса, а од таму двајца играчи се селат во Наполи!?

by riste
1 минути читање

Според каталонскиот весник „Спорт“, Барселона е подготвена за размена со цел да го добие потписот на Квича Кварацхелија, тие би испратиле двајцата фудбалери кон Наполи за Грузиецот.

Вредноста на Кварацхелија на трансфер пазарот е околу 80 милиони евра, а Барселона е подготвена за него да ги даде Фермин Лопез и Феран Торес, а можна е и доплата од некој милион.

Адут на Барселона е и фактот што Наполи следната сезона нема да игра во Лигата на шампионите што би било финансиски удар за италијанскиот клуб, а и желба повеќе за Кварацхелија да замине.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани