Различни информации за иднината на Тео Ернандез во Милан, дали бекот сака да си замине?

by riste
1 минути читање

Во Германија и Италија протекуваат дијаметрално спротивни информации за иднината на фудбалерот на Милан, Тео Ернандез.

Според германските медиуми, Ернандез вербално прифатил понуда од Баерн Минхен и сака да седне со раководството на Милан да дискутира за негово заминување.

Италијанските медиуми тврдат дека нема такво нешто, напротив, Тео Ернандез сака да остане во Милан и да потпише нов договор со росонерите.

Актуелниот договор на Французинот со Милан трае до јуни 2026 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани