125
„Росонерите“ лошо ја започнаа сезоната во Серија А и по три кола имаат два освоени бодови, тренерот Фонсека сега би можел да се соочи со дополнителен проблем.
Имено, според последните информации повреда заработил Исмаил Бенасер. Повредата Бенасер ја заработил на еден од тренинзите за Алжир.
Алжир за натпреварот со Либерија се подготвуваше на вештачка трева бидејќи натпреварот ќе се игра на таква подлога. Во тие услови Бенасер заработил повреда на мускулот. По враќањето во Милано му биле направени прегледи кои покажале дека го чека подолга пауза.
Најавите се дека Бенасер ќе паузира три месеци и тоа сигурно ќе биде удар за „росонерите“. По репрезентативната пауза Милан го очекува натпревар против Венеција.