Барселона пред сериозен предизвик: Времето истекува, Лапорта решние бара во Катар

by Стефан
1 минути читање

Раководството на Барселона се соочува со сериозен предизвик да го регистрира Дани Оламо за вториот дел од сезоната.

Во редовите на Барелона Олмо пристигна во текот на летото за сума од 55 милиони евра која каталонскиот гигант ја плати на Лајпци. Поради правилата за регистрација Барселона користеше 80% од износот за одредени плати на повредени Араухо и Кристенсен.

Но, кога двајцата ќе бидат спремни за настап, Барселона ќе мора да го има потребниот износ за „нормална“ регистрација на Олмо.

Според информациите на шпанските медиуми станува збор за сума од околу 50 милини евра. Неодамна, беше објавено дека Барселона ги продава ВИП местата на својот стадион на 20 години и така наводно планира да оствари приход од 200 милиони евра.

Меѓутоа „АС“ сега објави информација дека Жоан Лапорта во потрага по решение на овој проблем заминал во Катар која е една од најразвиените земји во светот. Засега повеќе детали за неговиот план не се откриваат.

Покрај Олмо, под закана дека нема да биде регистриран е и Пау Виктор кој исто така пристигна во летниот преоден рок од редовите на Жирона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани