Поради неодамнешните случувања кои создадоа националистичка тензија, ФФМ по консултации со МВР го одложи утрешното 17. коло од Првата македонска фудбалска лига.
„Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за одложување на натпреварите од 17. коло во Прва МФЛ кои според програмата за натпревари требаше да се одиграат на 1. декември (недела) со почеток во 13:00 часот.
Одлуката е донесена согласно препораките на Министерството за Внатрешни работи поради неодамнешните случувања и настани и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување на спортските натпревари.
Комисијата за натпревари ги презакажа одложените натпревари од 17. коло во Прва МФЛ за 3. декември (вторник) со почеток во 13:00 часот“, стои во соопштението на ФФМ.