70
Милан со убедливи 4-0 ја совлада Венеција за прв триумф во Серија А оваа сезона, сите четири погодоци беа постигнати за половина час.
Тео Ернандез го отвори резултатот уште во втората минута од натпреварот.
Во 16. минута Фофана зголеми на 2-0, а девет минути подоцна Пулишиќ од пенал зголеми на 3-0.
Во 29. минута нов пенал беше досуден за Милан, овојпат погоди Абрахам, негов деби гол за росонерите.