По 10.000 симулации познато колку бода се потребни за нокаут фазите во ЛШ!

by 24 фудбал
2 минути читање

Европската фудбалска федерација – УЕФА од оваа сезона ја „искомплицира“ ситуацијата и понуди поголема забава за навивачите со воведување на лигашки дел во Лигата на шампионите. Сите 36 екипи се на една табела, првите осум најдобропласирани одат директно во осминафинале, а оние од деветтото до 24. место ќе играат уште една плеј-оф рунда.

Твитер профилот „Football Meets Data“ прави симулации и калкулации според која вади просечна шанса во натпреварувањата. Така, одредени е колку бодови се потребни за пласман во нокаут фазата на натпреварувањето.

Пред почетокот на сезоната се веруваше дека со девет бода шансите за пласман во првата плеј-оф фаза се изгледни, а по играњето на мечевите стана сè потешко. Проблеми направија „големците“, односно Реал Мадрид и ПСЖ кои ќе треба да се изборат за своето место по лошите настапи и ја поместија границата еден бод погоре. Според 10.000 симулации, со 10 освоени бода по првата фаза на Лигата на шампионите огромна е шансата за плеј-офот.

Од друга страна, за пласман директно во осминафиналето односно меѓу осумте најдобри се потребни најмалку 16 бода. Тука улога ќе игра гол-разликата, а процентите за екипите дека со 16 бода би се нашле во првите осум варираат, во зависност од резултатите. Веќе со 17 бода поголеми се шансите за пласман во осминафинале, а 100% би завршиле меѓу осумте ако имате 18 бода.

https://twitter.com/fmeetsdata/status/1866444301175083220

Натпреварите од Лигата на шампионите продолжуваат денес со мечевите од шестото коло кое се игра и утре.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани