По две децении се вратија во Серија А и сега имаат големи амбиции – го сакаат Мауро Икарди!

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Комо која од клупата ја предводи Сеск Фабрегас сезонава се врати во Серија А и сега сака да создаде тим кој ќе избори опстанок во елитното друштво.

Според последните информации од Италија, Фабрегас за засилување во своите редови го сака екс-напаѓачот на Интер,

Мауро Икарди. Аргентинскиот напаѓач зад себе има одлична сезона во Галатасарај за која постигна 30 голови и така ја обезбеди титулата и место во Лигата на шампионите, па прашање е дали би сакал да премине во тим кој најверојатно ќе се бори за опстанок.

Икарди одлично се снајде во Истанбул, Галатасарај прво го доведе на позајмица за потоа и да го откупи неговиот договор за сума од десет милиони евра и тоа се покажа како еден од подобрите потези на турскиот гигант во последните години.

Комо нема звучни имиња, меѓутоа има богати сопственици од Индонезија кои ќе се обидат да создадат тим со кој ќе останат во друштвото на најдобрите. Претходно со тимот на Комо се поврзуваше и ветеранот од редовите на Лестер, Џејми Варди.

Овој тим последен пат во Серија А играше пред 21 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани