Поранешниот соиграч на Погба го повика Французинот повторно да играат заедно

by Стефан
1 минути читање

Французинот Пол Погба е во потрага по нов клуб откако се раздели од Јувентус, а засега не е познато каде ќе ја продолжи во кариерата кога во март ќе може да се врати на терените.

Како можност во изминатиот период се споменуваше Марсеј, а сега се огласи и неговиот сонародник Адриен Рабио кој го повика да му се придружи во овој клуб.

„Би сакал да играм со Погба. Го повикувам да дојде во Марсеј“, изјави Рабио за телевизијата „ДАЗН“ пред натпреварот со Сент Етјен.

Ќе потсетиме, Погба имаше позитивен допинг тест поради кој првично доби суспензија од четири години, но потоа казната се намали на 18 месеци. Рабио и Погба кратко настапуваа заедно и во Јувентус по неговото враќање од

Манчестер јунајтед, но ја делеа соблекувалната и во репрезентацијата на Франциај.

„Бевме кратко заедно во Јувентус. Немавме прилика многу време да поминеме на теренот поради неговите повреди и бев разочаран поради тоа“, истакна Рабио.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани