Помина 27 години во Челси, а во 2019 година добил доживотна суспензија од фудбалот

by Стефан
1 минути читање

Денеска англиските медиуми објавија дека тренерот Гвин Вилијамс кој дури 27 години помина во англиски Челси на различни позиции добил доживотна забрана за работа во фудбалот.

Казната за Вилијамс од страна на Фудбалската асоцијација на Англија била изречена уште во 2019 година, но дури сега е објавена во јавноста.

Причината за суспензијата на Вилијамс е расизам и малтретирање на млади фудбалери до 12 години и до крајот на животот тој нема да смее ниту една работа која е поврзана со фудбалот.

Во текот на кариерата во Челси Вилијамс имаше улога на скаут, тренер во младинските категории, помошник тренер, но и уште неколку други улоги.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани