64
Жерард Пике по крајот на фудбалската кариера, сепак се одржува во форма и барем рекреативно игра натпревари во спортот кој го сака.
Тој води лига за мал фудбал, каде што се игра седум против седум под името Кингс Лига. Тимовите во оваа лига имаат познати претседатели, поранешни фудбалери, а се истакнуваат Серхио Агуери и Икер Касиљас.
Викендов во мини-лигата настап имаше и професионален фудбалер од Ла Лига. Се работи за играч чиј клуб не му дозволува такво нешто, меѓутоа тој најде како да ги „заобиколи правилата“.
Во еден од тимовите заигра фудбалер со маска која му ја крие целосната глава и играше под името – Енигма. Целта беше да се сокрие неговиот идентитет за да не западне во проблеми со клубот.