Пет кандидати за нов тренер на Манчестер Јунајтед, едно име е посебно изненадување

by Стефан
2 минути читање

Maнчестер Јунајтед следната сезона нема да игра во Лигата на шампионите и многумина го гледаат Ерик Тен Хаг како одговорен за таквата ситуација и во англиските медиуми на големо се пишува за потенцијалниот наследник на холандскиот стратег.

Новинарот на „Гардијан“, Џејми Џексон објави информација дека Манчестер Јунајтед разгледува пет опции како наследници на Тен Хаг.

Најголемото изненадување е Кјеран Мекени, 38-годишниот стратег кој го врати Ипсвич во Премиер лигата по повеќе од две децении. Но, тој не е непознато име во Манчестер бидејќи две сезони го водеше У18 тимот на Јунајтед.

Истовремено му помагаше и на Оле Гунар Солскјер во првиот тим, па така добро ја пзонава културата на клубот.
Неодамна тој го одби Кристал Палас, се споменуваше и како опција за Брајтон ако Де Зерби замине. Ипсвич каде што е три години му беше неговата прва самостојна работа во сениорскиот фудбал.

Следен кој се споменува е Томас Тухел. Неговото име се поврзуваше со гигантот од „Олд Трафорд“ и во претходните недели, но сега се појавија и најави дека Баерн во недостиг на опции се обидува да го убеди да остане.

Наводно во конкуренција за наследник на Тен Хаг е и екс-тренерот на Челси, Грем Потер кој се уште е без ангажман по заминуваањето од лондонскиот клуб. Тука е и Томас Франк кој веќе шест години успешно раководи со Брентфорд со кој и оваа сезона обезбеди опстанок.

Останува да видиме прво дали Тен Хаг навистина би заминал, а кој и да дојде на „Олд Трафорд“ сигурно го чека полни раце работа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани