327
Пепе најемотивно го доживеа поразот на Португалија, искусниот дефанзивец плачеше по мечот, а Кристијано Роналдо беше еден од оние кои го тешеа.
41-годишниот Пепе имаше фантастичен настап на Европското првенство, покажа дека годините за него не се пречка да игра на врвно ниво, така беше и вчера против Франција. Сепак Португалците загубија на пенали и си одат дома.
За Пепе ова беше последен настап за Португалија на Европските првенства, па емотивно го доживеа.
„Прегратката од Роналдо, да, ми значи многу. Не е вистинско време сега за ова бидејќи е многу болно, ние сме како браќа, ќе зборуваме за ова подоцна“, рече Пепе по мечот.